Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 50:11-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Кога жителите на таа земја, Ханаанците, го видоа тажењето во Горен Атад, рекоа: „Тоа е голем плач на Египетците!” Затоа го нарекоа тоа место Авел-Мисраим (Египетски Плач), што е отаде Јордан.

12. Јакововите синови направија како што им нареди таткото:

13. го однесоа во Ханаанската Земја и го погребаа во пештерата во нивата Махпела, кај Мамвриј, во полето што Авраам го купи од Хетеецот Ефрон за погребување.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 50