Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 5:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит.

4. По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки.

5. Адам поживеа вкупно девет стотини и триесет години. Потоа умре.

6. Кога на Сит му беа сто и пет години, му се роди Енос.

7. По Еносовото раѓање Сит живееше осум стотини и седум години, па му се родија уште синови и ќерки.

8. Сит поживеа вкупно девет стотини и дванаесет години. Потоа умре.

9. Кога на Енос му беа деведесет и три години, му се роди Кенан.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 5