18. Кога Јаред имаше сто и шеесет и две години, му се роди Енох.
19. По Еноховото раѓање Јаред живееше осум стотини години, па му се родија уште синови и ќерки.
20. Јаред живееше вкупно девет стотини шеесет и две години. Потоа умре.
21. Кога на Енох му беа шеесет и пет години, му се роди Матусал.
22. Енох одеше со Бога. По Матусаловото раѓање Енох живееше триста години, и му се родија уште синови и ќерки.
23. Енох поживеа вкупно триста шеесет и пет години.
24. Енох одеше со Бога, потоа исчезна; Бог го зеде.
25. Кога Матусал имаше сто осумдесет и седум години, му се роди Ламех.
26. По Ламеховото раѓање Матусал живееше седум стотини осумдесет и две години, па му се раѓаа уште синови и ќерки.
27. Матусал поживеа вкупно девет стотини шеесет и девет години. И умре.
28. Кога Ламех наполни сто осумдесет и две години, му се роди син.
29. Му го даде името Ное, велејќи: „Овој ќе нè утеши, во трудот и во напорот на нашите раце, од земјата, која Бог ја проколна.”
30. По Ноевото раѓање Ламех живееше петстотини деведесет и пет години, и му се раѓаа уште синови и ќерки.
31. Ламех поживеа вкупно седум стотини седумдесет и седум години. Потоа почина.
32. Откако Ное поживеа пет стотини години, му се родија Сим, Хам и Јафет.