Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 5:1-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е книгата на родословието Адамово: кога Господ го создаде човекот, го направи според Божјото подобие;

2. создаде машко и женско. А кога ги создаде, ги благослови и ги нарече - човек.

3. Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит.

4. По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки.

5. Адам поживеа вкупно девет стотини и триесет години. Потоа умре.

6. Кога на Сит му беа сто и пет години, му се роди Енос.

7. По Еносовото раѓање Сит живееше осум стотини и седум години, па му се родија уште синови и ќерки.

8. Сит поживеа вкупно девет стотини и дванаесет години. Потоа умре.

9. Кога на Енос му беа деведесет и три години, му се роди Кенан.

10. По Кенановото раѓање, Енос поживеа осум стотини и петнаесет години, па му се родија уште синови и ќерки.

11. Енос поживеа вкупно девет стотини и пет години. Потоа умре.

12. Кога Кенан имаше седумдесет години, му се роди Малалеил.

13. По Малалеиловото раѓање, Кенан поживеа осум стотини и четириесет години, и му се родија уште синови и ќерки.

14. Кенан поживеа вкупно девет стотини и десет години. И умре.

15. Кога Малалеил наполни шеесет години, му се роди Јаред.

16. По Јаредовото раѓање, Малалеил поживеа осум стотини и триесет години, та му се родија уште синови и ќерки.

17. Малалеил живееше вкупно осум стотини деведесет и пет години. Потоа почина.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 5