Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 49:25-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Од Бога, твој Татко, Кој ќе ти помага, преку Сèсилниот, Кој ќе те благословува со небесни благослови одозгора, со благослови на бездната одоздола, со благослови на градите и на утробите !

26. Со благословите на татка ти, што ги надвишуваат благословите на старите гори и убавините на вечните брегови - тие нека се спуштат врз Јосифа, на посветениот меѓу браќата!

27. Венијамин е граблив волк, наутро ќе го јаде ловот, а навечер ќе го дели пленот.”

28. Сите тие беа Израелеви племиња - дванаесет на број - и тоа им го рече таткото кога ги благословуваше; секого од нив го благослови со негов благослов.

29. И тој им заповеда: „Скоро ќе им се придружам на своите луѓе. Погребете ме покрај моите татковци,

30. во пештерата, што се наоѓа во нивата на Ефрон, Хетеецот, во пештерата на полето Махпела, спроти Мамвриј, во Ханаанската Земја, која Авраам ја купи со нивата на Хетеецот Ефрон за место за погребување.

31. Таму беа погребани Авраам и жена му Сара; таму беа погребани Исак и жена му Ревека; таму јас ја погребав Лија.

32. Нивата и пештерата, во неа, се купени од Хетеевите синови.”

33. Кога Јаков им ги кажа заповедите на своите синови, ги повлече нозете на постела и издивна - им се придружи на своите луѓе.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 49