Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 49:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Соберете се, чујте, Јаковови синови, послушајте го татка си Израел!

3. Ти, Рувиме, првороденец мој, ти си моја тврдина, првенец на мојата сила. Се истакнуваш со достоинство, се истакнуваш со сила.

4. Но, буен како вода, не ќе имаш повеќе првенство, зашто го оскверни леглото на татка си, и ја онечисти мојата постела.

5. Симеон и Леви се браќа! Мечевите им се оружје на насилство.

6. Јас не учествував во нивните советувања, не зедов дел во нивните собранија! Во својот гнев убиваа луѓе; во бес ги пресекоа жилите на воловите.

7. Проклет да им е гневот, зашто беше прежесток! Проклета да им е јароста, зашто беше пресурова! Ќе ги разделам во Јакова, ќе ги распрснам низ Израел.

8. Јудо! Твоите браќа ќе те слават, раката ти е секогаш врз вратот на непријателот, синовите на татка ти ќе ти се поклонуваат.

9. Јудо, лавче младо! Си се здебелил, сине, од лов; клекна, легна како лав и како лавица: кој ќе го разбуди?

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 49