Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 49:16-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Дан ќе го суди својот народ, како секое Израелево племе.

17. Дан нека биде змија на патот, отровница покрај патека, што ќе го касне коњот за ногата, така што јавачот ќе падне назад.

18. Господи, се надевам на Твоето спасение!

19. Разбојниците ќе го ограбуваат Гад, но и тој со грабеж ќе им биде зад петиците.

20. Кај Асира ќе има леб, и ќе доставуваат царски слатки.

21. Нефталим е брза срна, што говори убави зборови.

22. Јосиф е плодоносна гранка, плодна гранка покрај извор, гранчињата и се простираат над ѕидот.

23. Стрелци го огорчија, стрелаа на него, и го гонеа.

24. Но неговиот лак останува цврст, мишките му зајакнаа, преку рацете на Силниот Јаковов, преку името на Пастирот, на Израелевата Стена,

25. Од Бога, твој Татко, Кој ќе ти помага, преку Сèсилниот, Кој ќе те благословува со небесни благослови одозгора, со благослови на бездната одоздола, со благослови на градите и на утробите !

26. Со благословите на татка ти, што ги надвишуваат благословите на старите гори и убавините на вечните брегови - тие нека се спуштат врз Јосифа, на посветениот меѓу браќата!

27. Венијамин е граблив волк, наутро ќе го јаде ловот, а навечер ќе го дели пленот.”

28. Сите тие беа Израелеви племиња - дванаесет на број - и тоа им го рече таткото кога ги благословуваше; секого од нив го благослови со негов благослов.

29. И тој им заповеда: „Скоро ќе им се придружам на своите луѓе. Погребете ме покрај моите татковци,

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 49