Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 49:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Јаков ги повика сите свои синови и рече: „Соберете се, за да ви кажам што ќе биде со вас во идните времиња:

2. Соберете се, чујте, Јаковови синови, послушајте го татка си Израел!

3. Ти, Рувиме, првороденец мој, ти си моја тврдина, првенец на мојата сила. Се истакнуваш со достоинство, се истакнуваш со сила.

4. Но, буен како вода, не ќе имаш повеќе првенство, зашто го оскверни леглото на татка си, и ја онечисти мојата постела.

5. Симеон и Леви се браќа! Мечевите им се оружје на насилство.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 49