Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 46:5-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И Јаков тргна од Вирсавеа. Израелевите синови ги сместија: татка си Јакова, своите деца и своите жени во колите, што фараонот ги испрати, за да го превезат.

6. Ги зедоа со себе својот добиток и имотот што го спечалија во Ханаанската Земја, и пристигнаа во Египет - Јаков и сето негово потомство.

7. Со себе ги доведе во Египет своите синови и внуци, своите ќерки и ќерките на своите синови, сиот свој род.

8. Овие се имињата на Израелевите синови - на Јакова и на неговите потомци - кои стигнаа во Египет: Јакововиот првенец Рувим.

9. Рувимови синови: Енох, Фалу, Есрок и Хармиј.

10. Симеонови синови: Емуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на Хананка.

11. Левиеви синови: Гирсон, Каат и Мерариј.

12. Јудини синови: Ир, Онан, Шела, Фарес и Зара; Ир и Онан умреа во Ханаанската Земја. Фаресови синови беа: Есрон и Амул.

13. Исахарови синови: Тола, Фуа, Јов и Симрон.

14. Завулонови синови: Серед, Елон и Јалеил.

15. Тоа се синовите кои Лија ги имаше со Јакова во Падан Арам, и уште ќерката Дина. И така, ги имаше вкупно триесет и три.

16. Гадови синови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј.

17. Асирови синови: Емна, Есуа, Есуј и Верија, и сестра им Сера. Вериеви синови: Хевер и Малхиел.

18. Тоа беа потомците на Зелфа, која Лаван и ја подари на ќерка си Лија. Така, таа му роди на Јакова шеснаесет души.

19. Синови на Јакововата жена Рахила: Јосиф и Венијамин.

20. На Јосифа му се родија во Египетската Земја Манасиј и Ефрем. Му ги роди ќерката на Онскиот свештеник Поти Фер.

21. Венијаминови синови: Вела, Вехер, Асвил, Гира, Нааман, Ихиј, Рос, Мупим, Упим и Аред.

22. Тоа беа Рахилините потомци, кои му ги роди на Јакова - вкупно четиринаесет души.

23. Данов син е Усим.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 46