Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 46:28-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Јаков го испрати Јуда, напред, при Јосифа за да се појави пред него во Гесен. Кога стигнаа во Гесенскиот Крај,

29. Јосиф ја спрегна својата кола и се запати во Гесен - во пресрет на татка си Израел. Стапувајќи пред него, го прегрна околу вратот и така плачеше долго.

30. Тогаш Израел му рече на Јосифа: „Сега можам да умрам, откако видов, со свои очи, дека си жив.”

31. Потоа Јосиф им рече на своите браќа и на татковиот дом: „Ќе отидам и ќе го известам фараонот; ќе му речам: ‘Браќа ми и семејството на татка ми, кои беа во Ханаанската Земја, дојдоа при мене.

32. Тие се луѓе пастири, секогаш се занимаваа со сточарство; ги доведоа со себе своите стада и сè што имаа.’

33. Така, кога фараонот ќе ве повика и ќе ве праша: ‘Со што се занимавате?’

34. Одговорете: ‘Луѓе сме, твоите слуги, кои од почеток досега се занимаваме со сточарство; и ние и нашите предци’, за да ве населат во Гесен. Имено, сите пастири им се одвратни на Египетците.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 46