Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 46:2-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Бог го повика Израела, во ноќно видение: „Јакове! Јакове!” Тој одговори: „Еве ме!”

3. „Јас Сум Бог, Бог на татка ти. Не бој се да слезеш во Египет, зашто таму ќе произведам голем народ од тебе.

4. Јас ќе слезам во Египет со тебе и Самиот ќе те вратам ваму; а Јосиф ќе ти ги склопи очите со свои раце.”

5. И Јаков тргна од Вирсавеа. Израелевите синови ги сместија: татка си Јакова, своите деца и своите жени во колите, што фараонот ги испрати, за да го превезат.

6. Ги зедоа со себе својот добиток и имотот што го спечалија во Ханаанската Земја, и пристигнаа во Египет - Јаков и сето негово потомство.

7. Со себе ги доведе во Египет своите синови и внуци, своите ќерки и ќерките на своите синови, сиот свој род.

8. Овие се имињата на Израелевите синови - на Јакова и на неговите потомци - кои стигнаа во Египет: Јакововиот првенец Рувим.

9. Рувимови синови: Енох, Фалу, Есрок и Хармиј.

10. Симеонови синови: Емуил, Јамин, Аод, Јахин, Сохар и Саул, син на Хананка.

11. Левиеви синови: Гирсон, Каат и Мерариј.

12. Јудини синови: Ир, Онан, Шела, Фарес и Зара; Ир и Онан умреа во Ханаанската Земја. Фаресови синови беа: Есрон и Амул.

13. Исахарови синови: Тола, Фуа, Јов и Симрон.

14. Завулонови синови: Серед, Елон и Јалеил.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 46