Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 44:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Кога се раздени, ги испратија луѓето и нивните ослиња.

4. Точно по излегување од градот - не беа заминати далеку - кога Јосиф му рече на началникот на својот дом: „На нозе! Тргни по луѓето! Кога ќе ги стигнеш, речи им: ‘Зошто враќате зло за добро?

5. Зар мојот господар не пие од онаа чаша и не чита пророштва од неа? Направивте зло!’”

6. Откако ги стигна, ги повтори зборовите.

7. Тие одговорија: „Зошто господарот ни зборува така? Далеку да е од твоите слуги да сторат нешто такво!

8. Па и сребрениците што ги најдовме во своите вреќи, ти ги вративме назад од Ханаанската Земја. Како би можеле тогаш да украдеме сребро или злато од куќата на твојот господар!

9. Оној, од твоите слуги, во кого ќе се најде, нека биде убиен, а ние другите ќе му станеме робови на твојот господар.”

10. „Иако е право тоа што го предлагате - рече тој - сепак само оној, кај кого ќе биде најдено украденото, ќе биде мој роб, а другите ќе бидете слободни.”

11. Бргу ги спуштија вреќите на земја и секој ја отвори својата вреќа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 44