Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 44:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Бргу ги спуштија вреќите на земја и секој ја отвори својата вреќа.

12. Тој пребаруваше, почнувајќи од највозрасниот и завршувајќи со најмладиот, чашата беше најдена во Венијаминовата вреќа.

13. Тогаш тие ги скинаа своите облеки; секој повторно го натовари своето осле и се вратија во градот.

14. Кога Јуда и неговите браќа стапија пак во Јосифовиот дом, тој уште беше таму, и паднаа пред него на земја.

15. Јосиф им рече: „Какво е тоа дело што го сторивте? Зар не знаете дека човек, каков што сум јас, се бави со пророкување?”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 44