Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 43:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Човекот направи како што му рече Јосиф и ги поведе луѓето во Јосифовиот дом.

18. Луѓето се исплашија кога ги поведоа во Јосифовиот дом и рекоа: „Заради сребрениците што ги најдовме во нашите вреќи, првиот пат, нè водат нас внатре, да нè нападнат и да нè земат за робови, заедно со нашите ослиња.”

19. Заради тоа му се приближија на управителот на Јосифовиот дом и, при влезот на куќата, му рекоа:

20. „Прости, господару! Ние, еднаш, и порано дојдовме да набавиме храна;

21. и кога стигнавме во преноќиштето и ги отворивме нашите вреќи; а ете сребрениците на секој од нас: одозгора во неговата вреќа, нашите сребреници, исто количество, сега ги донесовме со себе.

22. А донесовме и други сребреници, за да купиме храна. Ние не знаеме кој ни ги стави сребрениците во нашите вреќи.”

23. „Бидете мирни! - им рече тој. - Не бојте се! Вашиот Бог и Бог на вашиот татко го стави благото во вашите вреќи; вашите сребреници стигнаа при мене.” Потоа им го изведе Симеона.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 43