Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 43:13-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Земете го својот брат и запатете се пак при оној човек.

14. Нека Ел Шадај (Сèмоќниот Бог) го поттикне оној човек на милост кон нас, па да ви ги пушти и другиот брат и Венијамина. А јас, ако треба да останам без деца, нека останам.”

15. Луѓето ги зедоа даровите; зедоа двојно сребреници со себе, го поведоа Венијамина и слегоа во Египет, и стапија пред Јосифа.

16. Кога Јосиф го здогледа Венијамина со нив, му рече на управителот на своето домаќинство: „Одведи ги луѓето во куќата, заколи едно добиче и зготви, зашто луѓево ќе ручаат со мене на пладне!”

17. Човекот направи како што му рече Јосиф и ги поведе луѓето во Јосифовиот дом.

18. Луѓето се исплашија кога ги поведоа во Јосифовиот дом и рекоа: „Заради сребрениците што ги најдовме во нашите вреќи, првиот пат, нè водат нас внатре, да нè нападнат и да нè земат за робови, заедно со нашите ослиња.”

19. Заради тоа му се приближија на управителот на Јосифовиот дом и, при влезот на куќата, му рекоа:

20. „Прости, господару! Ние, еднаш, и порано дојдовме да набавиме храна;

21. и кога стигнавме во преноќиштето и ги отворивме нашите вреќи; а ете сребрениците на секој од нас: одозгора во неговата вреќа, нашите сребреници, исто количество, сега ги донесовме со себе.

22. А донесовме и други сребреници, за да купиме храна. Ние не знаеме кој ни ги стави сребрениците во нашите вреќи.”

23. „Бидете мирни! - им рече тој. - Не бојте се! Вашиот Бог и Бог на вашиот татко го стави благото во вашите вреќи; вашите сребреници стигнаа при мене.” Потоа им го изведе Симеона.

24. Тогаш човекот ги воведе луѓето во Јосифовата куќа; им даде вода да си ги измијат нозете; а на нивните ослиња им даде храна.

25. Потоа тие ги приготвија своите подароци до Јосифовото доаѓање на пладне, зашто чуја дека ќе ручаат таму.

26. Кога Јосиф дојде дома, му ги дадоа даровите што ги донесоа со себе, и му се поклонија до земја.

27. Тој ги праша за здравјето, а натаму рече: „А дали е добар вашиот стар татко, за кого што ми зборувавте? Дали му е добро здравјето?”

28. „Твојот слуга, нашиот татко, добар е и здравјето му е уште добро”, одговорија и му се поклонија, искажувајќи му почитување.

29. Подигајќи ги своите очи, Јосиф го забележа својот брат Венијамин - синот на мајка си - и праша: „Овој ли е вашиот најмлад брат, за кого ми зборувавте?” И продолжи: „Божјата милост да биде со тебе, сине мој!”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 43