Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 43:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Страшен глад ја притисна земјата.

2. Кога ја изедоа храната, што ја донесоа од Египет, нивниот татко им рече: „Одете пак и набавете ни малку храна.”

3. А Јуда му рече: „Оној човек ни рече јасно: ‘Не смеете пред мене, ако вашиот брат не биде со вас.’

4. И така, ако сакаш да го испратиш нашиот брат со нас, ние ќе отидеме таму и ќе ти купиме жито.

5. Но ако не го пушташ него со нас, тогаш ние таму и нема да одиме, зашто оној ни се закани: ‘Не смеете пред мене, ако вашиот брат не биде со вас.’”

6. „Зошто ми правите зло - праша Израел - кажувајќи му на човекот дека имате уште еден брат?”

7. Тие одговорија: „Човекот нè распрашуваше непрекратно за нас и за нашето семејство: ‘Уште ли е жив татко ви? Имате ли уште некој брат?’ Ние му одговаравме на прашањата. Како можевме да знаеме дека ќе рече: ‘Доведете го брата си!’”

8. Потоа Јуда му рече на татка си Израел: „Пушти го детето со мене, па да станеме и да тргнеме; така ќе преживееме, а нема да изумреме, и ние и ти и нашите деца.

9. Јас емчам за него, и сметај ме одговорен за него. Ако не ти го вратам тебе и ако не го доведам пред тебе, ќе ти бидам виновен засекогаш.

10. Па ако не се двоумевме толку, можевме веќе и двапати да се вратиме.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 43