Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 42:8-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Иако Јосиф ги препозна своите браќа, тие не го препознаа него.

9. Јосиф си спомна за соништата што ги виде за нив. И им рече: „Вие сте согледувачи! Дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”

10. Тие му одговорија: „Не, господару! Твоите слуги дојдоа да набават храна.

11. Сите ние сме синови на еден татко; чесни луѓе сме; твоите слуги никогаш не биле согледувачи.”

12. Тој пак им рече: „Не, туку дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”

13. Тие одговорија: „Ние, твоите слуги, бевме дванаесет браќа - синови на еден татко - во Ханаанската Земја; најмладиот е сега со таткото, а едниот веќе го нема.”

14. Но Јосиф им дофрли: „Онака е како што веќе ви реков: вие сте согледувачи!

15. Вака ќе ве испитам: жив да ми е фараонот, оттука нема да излезете, ако вашиот најмлад брат не дојде тука!

16. Испратете еден од вас да ви го доведе братот, а вие другите во темница! Така ќе го проверам вашето тврдење и ќе видам дали е вистината со вас или не е. Инаку, жив да ми биде фараонот, вие сте согледувачи.”

17. Потоа ги фрли во темница за три дни.

18. На третиот ден, Јосиф им рече: „Извршете го тоа, и ќе останете во живот, зашто јас сум човек, кој се бои од Бога.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 42