Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 42:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Јаков чу дека има жито во Египет, им рече на своите синови: „Зошто гледате еден во друг!

2. Чув дека има жито во Египет! Отидете долу и набавете ни го оттаму, за да останеме во живот и да не изумреме.”

3. Така десетте Јосифови браќа слегоа да набават жито во Египет.

4. Јаков не го испрати со другите Венијамина, вистинскиот Јосифов брат. Велеше: „Да не му се случи некаква несреќа.”

5. Меѓу оние кои одеа да набават жито, зашто владееше глад во Ханаанската Земја, беа и Израелевите синови.

6. Јосиф беше управител во земјата; тој му продаваше жито на сиот народ на земјата. Така и Јосифовите браќа дојдоа и му се поклонија со лицето до земјата.

7. Јосиф ги препозна браќата, штом ги здогледа, но се однесуваше кон нив како странец и им зборуваше остро. Ги праша: „Од каде доаѓате?” Одговорија: „Од Ханаанската Земја, дојдовме да купиме храна.”

8. Иако Јосиф ги препозна своите браќа, тие не го препознаа него.

9. Јосиф си спомна за соништата што ги виде за нив. И им рече: „Вие сте согледувачи! Дојдовте да ги согледате слабите места на земјава.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 42