Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 40:7-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”

8. Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”

9. И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.

10. На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.

11. Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.”

12. Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.

13. По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.

14. Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.

15. Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.”

16. Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 40