Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 40:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.

17. Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”

18. Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.

19. По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.”

20. На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници.

21. Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака,

22. а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува.

23. Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 40