Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 4:17-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Каин ја позна својата жена, па таа зачна и го роди Еноха.

18. На Еноха му се роди Ирад, а од Ирада потекнува Мехујаил; од Мехујаила потекнува Метусаил; од Метусаила, Ламех.

19. Ламех зеде две жени. Едната се викаше Ада, а другата Села.

20. Ада го роди Јавала, кој стана прататко на оние што живеат под шатори со добитокот.

21. Името на брата му беше Јувал. Тој е прататко на сите кои свират на харфа и кавал.

22. Села го роди Тувал-Каина, прататко на оние, кои коват орудија од бронза и железо. Името на Тувал-Каиновата сестра и беше Наама.

23. Ламех им рече на своите жени: „Адо и Село, послушајте го мојот глас; Ламехови жени, чујте ја мојата беседа: убив човек, зашто ме рани, и дете, зашто ме удри.

24. Ако Каин биде одмазден седмократно, Ламех ќе биде седумдесет и седумкратно!”

25. Адам ја позна својата жена, па таа роди син и му го даде името Сит. Таа рече: „Бог ми даде друго дете место Авела, кого Каин го уби.”

26. На Сит му се роди син, кому тој му го даде името Енос. Тогаш почнаа да го повикуваат Господовото име.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 4