Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 39:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.

7. По некое време господаровата жена се загледа во него и му рече: „Легни со мене!”

8. Тој и се спротиви и рече на жената на својот господар: „Гледај! Откако сум јас тука, мојот господар не се грижи за ништо во куќата; сè што има ми го довери мене.

9. Тој нема во куќава поголема власт отколку јас, и ништо не ми скратува освен тебе, зашто си негова жена. И како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога!”

10. Иако таа секојдневно му зборуваше така на Јосифа, тој не се согласи да легне со неа и да биде со неа.

11. Еден ден Јосиф влезе во куќата по работа. Бидејќи никој од слугите не беше во куќата,

12. таа го фати за наметката и рече: „Легни со мене!” Но тој ја остави својата наметка во нејзината рака, се истрга и избега надвор.

13. Откако виде дека ја остави наметката во нејзината рака и дека избега надвор,

14. ги повика своите слуги и им рече: „Гледајте! Требаше да ни доведе еден Евреин, за да се подигрува со нас. Тој дојде при мене, за да легне со мене, но јас извикав со сиот глас.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 39