Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 39:16-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Ја задржа неговата наметка кај себе, додека господарот дојде дома.

17. И нему му ја раскажа истата приказна: „Оној, слугата Евреинот, кого ни го доведе, дојде при мене, за да се подигрува со мене!

18. Но штом чу како викам, ја остави својата наметка покрај мене и избега надвор.”

19. Кога неговиот господар го чу раскажувањето на својата жена, која рече: „Ете, така постапи твојот слуга со мене”, се разгневи.

20. Господарот го грабна Јосифа и го фрли во темницата - таму каде што беа затворени царските затвореници. И остана во темницата.

21. Но Господ беше со него, му покажа благодат на Јосифа, и тој најде милост во очите на управителот на темницата.

22. Така управителот на темницата ги предаде во Јосифови раце сите затвореници, кои се наоѓаа во темницата; и таму не се правеше ништо без него.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 39