Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 39:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јосифа го доведоа во Египет. Таму, од Исмаилците кои го доведоа тука, го купи Египетецот Петефриј, фараонов придворник и заповедник на неговата телесна стража.

2. Господ беше со Јосифа, затоа имаше успех во сè: Египетецот го зеде при себе, во куќата.

3. Неговиот господар виде дека е Господ со него и дека му дава успех во сè што неговата рака презема;

4. тој го засака и го зеде дворјанец, и го постави за управител на својот дом и му го довери сиот свој имот.

5. А откако го постави над домот свој и над сè што имаше, Господ го благослови домот на Египетецот заради Јосифа: Господовиот благослов беше на сè што имаше - во куќата и во полето.

6. И така сè свое и отстапи на Јосифовата грижа, па повеќе не се грижеше за ништо, освен за лебот што го јадеше. А Јосиф беше со складна става и убав.

7. По некое време господаровата жена се загледа во него и му рече: „Легни со мене!”

8. Тој и се спротиви и рече на жената на својот господар: „Гледај! Откако сум јас тука, мојот господар не се грижи за ништо во куќата; сè што има ми го довери мене.

9. Тој нема во куќава поголема власт отколку јас, и ништо не ми скратува освен тебе, зашто си негова жена. И како би можел да направам толку големо зло и да згрешам против Бога!”

10. Иако таа секојдневно му зборуваше така на Јосифа, тој не се согласи да легне со неа и да биде со неа.

11. Еден ден Јосиф влезе во куќата по работа. Бидејќи никој од слугите не беше во куќата,

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 39