Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 38:4-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Таа зачна пак, роди син, и му го даде името Онан.

5. Роди уште еден син и го нарече Шела. Се наоѓаше во Ахдив кога го роди него.

6. Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара.

7. Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби.

8. Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!”

9. Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си.

10. Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него.

11. Тогаш Јуда и рече на својата снаа Тамара: „Остани вдовица во домот на татка си, додека потпорасне мојот син Шела.” Имено, се боеше дека и тој би можел да умре, како неговите браќа. И така Тамара отиде да живее во татковиот дом.

12. Долго време потоа, почина Сујината ќерка, Јудината жена. Кога помина времето на жалост, Јуда отиде, заедно со својот пријател Одоламецот Ир, во Тамна, за да ги стриже своите овци.

13. Ја известија Тамара: „Ене ти го свекорот - и рекоа - на пат за Тамна, за да ги стриже овците.”

14. Таа ја соблече вдовичката облека, се покри со превез и се завитка и седна на влезот во Енаим, што е на патот за Темна. Имено, виде дека Шела порасте, ама неа уште не ја омажија за него.

15. Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето.

16. Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” Не знаеше дека му е снаа. А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?”

17. „Ќе ти испратам едно јаре од своето стадо”, одговори. „Треба да оставиш емство додека не го испратиш.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 38