Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 38:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.

28. Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”

29. Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.

30. Потоа излезе брат му, кој имаше црвен конец околу раката. Него го нарекоа Зара.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 38