Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 38:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Додека ја изведуваа, таа му порача на свекорот: „Зачнав од човекот, чие е ова.” Уште додаде: „Види чии се овој печат на врвцата, и стапов!”

26. Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Но повеќе немаше работа со неа.

27. Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.

28. Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”

29. Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 38