21. Ги праша луѓето во местото: „Каде е блудницата, која се наоѓаше покрај патот за Енаим?” Тие му одговорија: „Тука никогаш немаше блудница.”
22. Така тој се врати при Јуда и рече: „Не можев да ја најдам. Освен тоа, луѓето во местото ми рекоа дека таму никогаш немало блудница.”
23. Јуда рече: „Да не станеме за смеа, нека ги држи! Еве, и го испратив јарево, ама ти не ја најде.”
24. Од прилика по три месеци му донесоа вест на Јуда: „Твојата снаа Тамара блудствува, па во блудството и зачнала.” „Изведете ја - нареди Јуда - па нека биде изгорена!”
25. Додека ја изведуваа, таа му порача на свекорот: „Зачнав од човекот, чие е ова.” Уште додаде: „Види чии се овој печат на врвцата, и стапов!”
26. Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Но повеќе немаше работа со неа.
27. Кога и дојде време да роди, се покажа дека носела близнаци.
28. Додека раѓаше, едниот од нив ја испружи раката надвор. Тогаш бабицата врза црвен конец на неговата рака, велејќи: „Овој излезе прв!”
29. Но тој тогаш ја повлече раката, па излезе неговиот брат. А таа рече: „Каков ли пробив направи!” Затоа му го даде името Фарес.
30. Потоа излезе брат му, кој имаше црвен конец околу раката. Него го нарекоа Зара.