Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 38:14-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Таа ја соблече вдовичката облека, се покри со превез и се завитка и седна на влезот во Енаим, што е на патот за Темна. Имено, виде дека Шела порасте, ама неа уште не ја омажија за него.

15. Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето.

16. Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” Не знаеше дека му е снаа. А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?”

17. „Ќе ти испратам едно јаре од своето стадо”, одговори. „Треба да оставиш емство додека не го испратиш.”

18. А тој ја праша: „Какво емство да ти оставам?” Таа одговори: „Својот печат на врвцата, и стапот што ти е во раката.” & ги даде и едното и другото, а потоа и пријде, и таа зачна од него.

19. Потоа таа стана и си отиде; го симна од себе превезот и пак ја облече својата вдовичка облека.

20. Јуда го испрати јарето, преку својот пријател Одоламецот, да го откупи залогот од рацете на жената, но не можеше да ја најде.

21. Ги праша луѓето во местото: „Каде е блудницата, која се наоѓаше покрај патот за Енаим?” Тие му одговорија: „Тука никогаш немаше блудница.”

22. Така тој се врати при Јуда и рече: „Не можев да ја најдам. Освен тоа, луѓето во местото ми рекоа дека таму никогаш немало блудница.”

23. Јуда рече: „Да не станеме за смеа, нека ги држи! Еве, и го испратив јарево, ама ти не ја најде.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 38