Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 37:15-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?”

16. „Ги барам браќата”, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?”

17. А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.” Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан.

18. Тие го здогледаа оддалеку; пред да им се приближи, почнаа да се договараат за да го убијат.

19. Си рекоа еден на друг: „Ене го стигнува сонувачот!

20. Ајде, да го убиеме сега и да го фрлиме во некоја јама! Можеме да речеме дека го изеде див ѕвер. Ќе видиме што ќе биде од неговите соништа!”

21. Но кога Рувим го чу тоа, се обиде да го избави од нивните раце. И рече: „Да не му го одземаме животот!

22. Не пролевајте крв - зборуваше натаму Рувим. - Фрлете го во јама за вода во пустината, ама не кревајте раце на него!” Така сакаше да го избави од нивните раце и да го одведе при таткото.

23. Но кога Јосиф стигна при браќата, тие му ја соблекоа неговата облека, шарената облека што беше на него;

24. го грабнаа и го фрлија во јама за вода. Јамата беше празна; немаше вода во неа.

25. Потоа седнаа да ручаат. Кога ги подигнаа своите очи, здогледаа поворка Исмаилци, како доаѓаат од Галад. Нивните камили носеа: мириси, балсами и смирна, за да ги препродадат во Египет.

26. Тогаш Јуда им рече на своите браќа: „Што ќе постигнеме ако го убиеме брата си, а ја скриеме неговата крв?

27. Ајде, да го продадеме на Исмаилците; но да не дигаме рака на него. Зашто тој е наш брат, наше месо.” Браќата го послушаа.

28. Тогаш пристигнаа луѓе, мадијамски трговци. Браќата го извлекоа од јамата за вода и им го продадоа на Исмаилците за дваесет сребреници, а тие го одведоа Јосифа во Египет.

29. Кога Рувим се врати до јамата за вода и виде дека го нема Јосифа во јамата за вода, ја скина својата облека.

30. А кога се врати при своите браќа, извика: „Детето го нема! Каде ќе се скријам сега јас!”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 37