Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 37:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Израел му рече на Јосифа: „Твоите браќа ги чуваат стадата при Сихем, па ајде да те испратам кај нив.” Тој му одговори: „Добро, одам.”

14. Потоа татко му му рече: „Оди и види како се браќа ти и добитокот, па извести ме.” Така го испрати од долината Хеврон, и тој стигна во Сихем.

15. Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?”

16. „Ги барам браќата”, одговори. „Можеш ли да ми кажеш каде ги чуваат стадата?”

17. А човекот рече: „Заминаа оттука. Ги чув како зборуваат: „Да одиме во Дотан.” Така Јосиф замина по своите браќа и ги најде во Дотан.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 37