Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 37:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И додека неговите браќа му беа лути, од завист, татко му размислуваше за сè.

12. Еднаш неговите браќа отидоа да ги чуваат татковите стада во близина на Сихем.

13. Израел му рече на Јосифа: „Твоите браќа ги чуваат стадата при Сихем, па ајде да те испратам кај нив.” Тој му одговори: „Добро, одам.”

14. Потоа татко му му рече: „Оди и види како се браќа ти и добитокот, па извести ме.” Така го испрати од долината Хеврон, и тој стигна во Сихем.

15. Некој човек го најде како скита по полето, и го праша: „Што бараш?”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 37