5. Оливема ги роди: Еуса, Јеглома и Кореја. Тоа се Исавовите синови, кои му се родија во Ханаанската Земја.
6. Исав ги зеде своите жени, своите синови, своите ќерки, сите деца на својот дом; својот добиток - крупен и ситен; сиот имот што го спечалил во Ханаанската Земја, и отиде во Сирската Земја, далеку од својот брат Јаков.
7. Имено, нивниот имот толку се зголеми, што не можеа да останат заедно: крајот во кој престојуваа не можеше да ги издржава поради нивниот добиток.
8. Така Исав, наречен Едом, се насели во планинскиот крај Сир.
9. И така, ова е потомството на Исав, прататко на Едомците, во планинскиот крај Сир.
10. Овие се имињата на Исавовите синови: Елифаз, син на Исавовата жена Ада; Рагуил, син на Исавовата жена Васемата.
11. Елифазови синови беа: Теман, Омар, Сефо, Готом и Кенез.
12. Темна му беше соложница на Исавовиот син Елифаз; таа му го роди на Елифаза - Амалик. Тоа се потомците на Исавовата жена Ада.
13. А овие се синовите на Рагуила: Нахат, Зара, Сама и Миза. Тие и беа синови на Исавовата жена Васемата.
14. А овие пак се синови на Исавовата жена Оливема, Анината ќерка, Севегоновата внука; таа му ги роди на Исава: Еуса, Еглама и Кореја.
15. Овие се родовски првенци на Исавовите потомци: потомците на Исавовиот првенец Елифаз: кнез Теман, кнез Омар, кнез Сефо, кнез Кенез,
16. кнез Кореј, кнез Готом и кнез Амалик. Тоа се родовските главатари на Елифазовите, во Едомската Земја; тоа се Адините потомци.