Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 36:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е потомството на Исав, кој се викаше и Едом.

2. Исав зеде за себе жени од хананските девојки: Ада, ќерка на Хетеецот Едон; Оливема, ќерка на Ана, внука на Евеецот Севетон;

3. и Васемата, Исмаилова ќерка, сестра Навитова.

4. Ада му го роди на Исава: Елифаза, а Васемата му ги роди Рагуила;

5. Оливема ги роди: Еуса, Јеглома и Кореја. Тоа се Исавовите синови, кои му се родија во Ханаанската Земја.

6. Исав ги зеде своите жени, своите синови, своите ќерки, сите деца на својот дом; својот добиток - крупен и ситен; сиот имот што го спечалил во Ханаанската Земја, и отиде во Сирската Земја, далеку од својот брат Јаков.

7. Имено, нивниот имот толку се зголеми, што не можеа да останат заедно: крајот во кој престојуваа не можеше да ги издржава поради нивниот добиток.

8. Така Исав, наречен Едом, се насели во планинскиот крај Сир.

9. И така, ова е потомството на Исав, прататко на Едомците, во планинскиот крај Сир.

10. Овие се имињата на Исавовите синови: Елифаз, син на Исавовата жена Ада; Рагуил, син на Исавовата жена Васемата.

11. Елифазови синови беа: Теман, Омар, Сефо, Готом и Кенез.

12. Темна му беше соложница на Исавовиот син Елифаз; таа му го роди на Елифаза - Амалик. Тоа се потомците на Исавовата жена Ада.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 36