Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 35:20-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. А Јаков подигна споменик на нејзиниот гроб - оној што е до денес на Рахилиниот гроб.

21. Израел тргна натаму и го оптегна својот шатор од онаа страна на Мигдал-Едер.

22. Додека Израел престојуваше во оној крај, Рувим отиде и легна со Вала, соложница на татка си. Израел научи за тоа. Јаков имаше дванаесет синови.

23. Со Лија: Рувим, Јакововиот првороденец, Симеон, Леви, Јуда, Исахар и Завулон.

24. Со Рахила: Јосиф и Венијамин;

25. со Рахилината слугинка Вала: Дан и Нефталим;

26. со Лиината слугинка Зелфа: Гад и Асир. Тоа се Јакововите синови, кои му се родија во Падан Арам.

27. Јаков дојде при татка си Исака во Мамвриј, во Киријат Арва, односно Хеврон - каде Авраам и Исак престојуваа како придојденици.

28. Исак умре кога имаше сто и осумдесет години.

29. Исак издивна и почина, старец и заситен со години, па беше придружен при своите луѓе. Неговите синови, Исав и Јаков, го погребаа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 35