14. На местото каде што Бог разговараше со него, Јаков исправи столб, столб од камен; принесе жртва врз него и го полеа со масло.
15. А местото каде што му зборуваше Бог, Јаков го нарече Ветил.
16. Потоа тргнаа од Ветил. Имаше уште малку пат до Еуфрат, а Рахила се најде на породување. Ја нападнаа тешки болки.
17. Кога породилните болки и беа најголеми, бабицата и рече: „Не бој се, зашто и овој ти е син!”
18. Кога се делеше од душата - зашто Рахила умираше - му го даде на синот името Венони; но таткото го нарече Венијамин.
19. Така почина Рахила. Ја погребаа покрај патот за Ефрат, односно Витлеем.
20. А Јаков подигна споменик на нејзиниот гроб - оној што е до денес на Рахилиниот гроб.
21. Израел тргна натаму и го оптегна својот шатор од онаа страна на Мигдал-Едер.
22. Додека Израел престојуваше во оној крај, Рувим отиде и легна со Вала, соложница на татка си. Израел научи за тоа. Јаков имаше дванаесет синови.
23. Со Лија: Рувим, Јакововиот првороденец, Симеон, Леви, Јуда, Исахар и Завулон.
24. Со Рахила: Јосиф и Венијамин;