Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 33:10-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. А Јаков рече: „Не! Ако најдов милост во твоите очи, прими дар од мојата рака; зашто мене ми е - бидејќи ме прими љубезно - како да го гледам Божјото лице.

11. Затоа прими го мојот благослов: што ти го донесов; зашто Бог ми подари, па имам сè.” И го наговори, и тој зеде.

12. „Да тргнеме на пат - рече Исав - и јас ќе патувам со тебе.”

13. Но тој му одговори: „Мојот господар знае дека децата се кревки. Освен тоа, треба да се грижам за овците и кравите, што дојат: ако ги терам пребргу само еден ден, сите ќе изумрат.

14. Мојот господар нека оди пред својот слуга, а јас ќе одам полека, според врвежот на добитокот пред мене и според чекорот на децата, додека стигнам при својот господар во Сир.”

15. Исав рече: „Да ти оставам неколку луѓе, од овие што се со мене!” Но тој му одговори: „Зошто е тоа? Јас само нека најдам милост во очите на мојот господар!”

16. Во тој ден, Исав се запати - по својот пат - назад во Сир,

17. додека Јаков отиде во Сокхот, каде си изгради куќа, и направи трла за својот добиток. Затоа го нарече местото Сокхот.

18. Откако дојде од Падан Арам, (Сирска Месопотамија) Јаков пристигна во сихемскиот град Салим, што се наоѓа во Ханаанската Земја, и го оптегна својот шатор пред градот.

19. Делот од полето, на кое го постави својот шатор, го купи од синовите на Емора, Сихемовиот татко, за сто сребреници.

20. Постави жртвеник таму и го повика таму името на Господа, Израелевиот Бог (Ел, Елое Израел).

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 33