Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 33:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јаков ги поткрена очите и виде дека доаѓа Исав и со него четири стотини луѓе. Ги раздели своите деца меѓу Лија, Рахила и двете слугинки;

2. ставајќи ги на чело слугинките и нивните деца; по нив Лија и нејзините деца; а Рахила и Јосифа одназад.

3. Самиот замина напред, се поклони седумпати до земја, додека му се приближи на брата си.

4. Исав се затрча во пресрет, го прегрна, паѓајќи му околу вратот, го пољуби и заплакаа.

5. Тогаш ги подигна очите и ги виде жените и децата. „Кои се овие со тебе?” праша. Тој одговори: „Децата кои Бог му ги подари на твојот слуга.”

6. Потоа слугинките со своите деца истапија напред и се поклонија длабоко.

7. И Лија истапи напред, со своите деца, па се поклонија. Најпосле, Јосиф и Рахила истапија напред и се поклонија.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 33