Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 33:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јаков ги поткрена очите и виде дека доаѓа Исав и со него четири стотини луѓе. Ги раздели своите деца меѓу Лија, Рахила и двете слугинки;

2. ставајќи ги на чело слугинките и нивните деца; по нив Лија и нејзините деца; а Рахила и Јосифа одназад.

3. Самиот замина напред, се поклони седумпати до земја, додека му се приближи на брата си.

4. Исав се затрча во пресрет, го прегрна, паѓајќи му околу вратот, го пољуби и заплакаа.

5. Тогаш ги подигна очите и ги виде жените и децата. „Кои се овие со тебе?” праша. Тој одговори: „Децата кои Бог му ги подари на твојот слуга.”

6. Потоа слугинките со своите деца истапија напред и се поклонија длабоко.

7. И Лија истапи напред, со своите деца, па се поклонија. Најпосле, Јосиф и Рахила истапија напред и се поклонија.

8. Исав праша: „Зошто ти е сево множество, што го сретнав?” Тој одговори: „За да ја придобијам наклоноста на својот господар.”

9. Исав одговори: „Јас имам доста, брате мој. Нека ти остане тебе, што е твое.”

10. А Јаков рече: „Не! Ако најдов милост во твоите очи, прими дар од мојата рака; зашто мене ми е - бидејќи ме прими љубезно - како да го гледам Божјото лице.

11. Затоа прими го мојот благослов: што ти го донесов; зашто Бог ми подари, па имам сè.” И го наговори, и тој зеде.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 33