Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 32:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Потоа рече: „Пушти Ме, зашто се зазори!” Но тој одговори: „Не те пуштам додека не ме благословиш.”

27. Тогаш, го праша: „Како ти е името?” Одговори: „Јаков.”

28. Оној му рече: „Отсега не ќе ти биде името Јаков, а Израел, зашто се бореше со Бога и со луѓето, и победи.”

29. Јаков го праша: „Кажи ми го Твоето име?” А Тој рече: „Зошто прашуваш за Моето име, тоа е чудно?” И го благослови таму.

30. Јаков го нарече местото: Фануил, зашто - рече - „Го видов Бога лице во лице, и останав жив.”

31. Сонцето изгреа над него, кога заминуваше од Фануил. Кривеше заради колкот.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 32