Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 31:52-55 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

52. овој куп и овој столб нека бидат сведоштво дека нема да тргнам против тебе, од зад овој куп, и дека ти нема да тргнеш против мене, од зад ова ритче и спомеников.

53. Авраамовиот Бог и Нахоровиот Бог и Богот на нивните татковци нека ни биде наш судија!” Јаков се заколна во Бога - во Стравот на татка си Исака.

54. Потоа Јаков принесе жртва на гората и ги повика своите луѓе да јадат. После јадењето ја поминаа ноќта на гората.

55. Рано наутро, Лаван се крена ги изљуби своите синови и своите ќерки, па ги благослови; тогаш се запати назад во своето место.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 31