Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 31:3-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Тогаш Господ му рече на Јакова: „Врати се во земјата на своите татковци, во својата родина, и Јас ќе бидам со тебе!”

4. Тогаш Јаков ги повика Рахила и Лија во полето, при своето стадо,

5. и им рече: „Јас гледам на лицето на вашиот татко дека тој не се држи кон мене како порано; ама со мене беше Бог на татка ми.

6. И самите знаете дека му служев на вашиот татко колку што можев;

7. па сепак вашиот татко ме измачуваше мене, десетпати ми ја менуваше платата. Но Бог не остави да ми нанесе штета.

8. Ако тој речеше: ‘Секоја шарена нека ти биде плата, ‘тогаш целото стадо раѓаше шарени; ако пак речеше: ‘Капчестите нека ти бидат за плата,’ тогаш целото стадо раѓаше капчести.

9. Така Бог му го одзеде добитокот на татка ви и ми го даде мене.

10. Еднаш, кога стадото се оплодуваше, одненадеж видов во сон дека јарците во стадото, додека се спаруваа беа капчести, делумно бели и шарени.

11. Уште во сонот, Божји ангел ме повика: ‘Јакове!’ ‘Еве ме!’ реков.

12. А тој продолжи: ‘Забележи добро дека јарците во стадото, што се спаруваат се капчести, делумно бели и шарени. Имено, Јас видов сè што ти направи Лаван.

13. Јас Сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде со масло го помаза столбот и каде ми направи завет. Сега стани и оди си од оваа земја; врати се во својата родина!’”

14. Рахила и Лија му одговорија на тоа: „Зар уште имаме наследнички дел во својот татков дом?

15. Зар нашиот татко не нè сметаше туѓинки? Па тој нè продаде, а потоа го изеде среброто, што го доби за нас!

16. Сето тоа богатство што Бог му го одзеде на нашиот татко, навистина е наше и на нашите деца. Затоа направи сè како што ти рече Бог!”

17. Тогаш Јаков ги качи своите деца и своите жени на камилите;

18. пред себе го потера сиот свој добиток, сиот свој имот што го придобил, добитокот што го собрал во Падан Арам: тргна кон Ханаанската Земја, при татка си Исака.

19. Лаван веќе замина да ги стриже своите овци, па Рахила ги присвои домашните идоли, што му припаѓаа на нејзиниот татко.

20. Јаков го залага Арамеецот Лаван така, што и не насетуваше дека ќе бега.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 31