Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 31:19-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Лаван веќе замина да ги стриже своите овци, па Рахила ги присвои домашните идоли, што му припаѓаа на нејзиниот татко.

20. Јаков го залага Арамеецот Лаван така, што и не насетуваше дека ќе бега.

21. И побегна со сè што беше негово. Наскоро го премина Еуфрат и го насочи патувањето кон Галадскиот Рид.

22. На третиот ден го известија Лаван дека Јаков избегал.

23. Тој ги поведе со себе сите свои роднини и го гонеше со потерата седум дни одење; го стигна на гората Галад.

24. Но Бог му се јави на Арамеецот Лаван, ноќе, на сон, и му рече: „Внимавај, да не преземаш нешто против Јакова, ни добро ни зло!”

25. И така Лаван го стигна Јакова. Јаков го имаше оптегнато својот шатор на гората, а и Лаван со своите роднини се настани на гората Галад.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 31