Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 31:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Јаков научи дека Лавановите синови зборуваат: „Јаков му го одзеде целиот имот на татка ни; и го придоби сето она богатство од она што требаше да му припадне на нашиот татко.”

2. А Јаков забележа и на Лавановото лице дека тој не се држи кон него како порано.

3. Тогаш Господ му рече на Јакова: „Врати се во земјата на своите татковци, во својата родина, и Јас ќе бидам со тебе!”

4. Тогаш Јаков ги повика Рахила и Лија во полето, при своето стадо,

5. и им рече: „Јас гледам на лицето на вашиот татко дека тој не се држи кон мене како порано; ама со мене беше Бог на татка ми.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 31