Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 30:33-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. А во иднина кога со своите очи ќе ја проверуваш мојата плата, мојата чесност ќе биде сведок за мене: ако се најде меѓу моите кози една што не ќе биде шарена или капчеста, или меѓу јагнињата што не ќе биде црникаво, нека се смета за крадено!”

34. Лаван рече: „Добро, нека биде како што кажа.”

35. Но во тој ден, Лаван ги оддели сите шарени и дамкасти јарци, и сите жолтоцрвеникави и шарени кози - секоја што имаше бело на себе и секое црникаво од јагнињата па им ги предаде на своите синови.

36. И оттаму, каде Јаков го пасеше остатокот на Лавановото стадо, се оддалечи на околу три дни одење.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 30