Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 30:31-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Тој го праша: „Колку да ти платам?” Јаков одговори: „Не ми плаќај ништо! Пак ќе го пасам и ќе го чувам твоето стадо, ако ми го сториш ова:

32. Остави ме да поминам денес низ твоето стадо и да ја одделам од него секоја капчеста и шарена овца и секое црникаво од јагнињата и секоја капчеста и шарена од козите! Тоа нека ми биде плата!

33. А во иднина кога со своите очи ќе ја проверуваш мојата плата, мојата чесност ќе биде сведок за мене: ако се најде меѓу моите кози една што не ќе биде шарена или капчеста, или меѓу јагнињата што не ќе биде црникаво, нека се смета за крадено!”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 30