Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 30:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Откако Рахила виде дека не му раѓа деца на Јакова, и завиде на својата сестра и му рече на Јакова; „Дај ми деца! Инаку ќе умрам!”

2. Јаков се налути на Рахила и рече: „Зар сум Бог, Кој ја лиши твојата утроба од плод?”

3. А таа одговори: „Еве ја мојата слугинка Вала: влези при неа, па нека роди на моите колена, па така и јас ќе добијам деца преку неа.”

4. И така, му ја даде за жена својата слугинка Вала, и Јаков и пристапи.

5. Вала зачна и му роди на Јакова син.

6. Тогаш Рахила рече: „Господ ми пресуди право. Го послуша мојот глас и ми даде син.” Затоа му го даде името Дан.

7. Рахилината слугинка Вала зачна пак и му роди на Јакова втор син.

8. Тогаш Рахила рече: „Жестоко се борев со сестрата, ама победив.” Затоа го нарече Нефталим.

9. А откако Лија виде дека прекрати да раѓа, ја зеде својата слугинка Зелфа, па му ја даде на Јакова за жена.

10. И Кога Лиината слугинка Зелфа му роди син на Јакова,

11. Лија воскликна: „Доаѓа среќа!” Затоа го нарече со името Гад.

12. Лиината слугинка Зелфа му роди на Јакова и втор син,

13. и Лија воскликна пак: „Блазе ми! Жените ќе ме викаат блажена!” Затоа го нарече со името Асир.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 30