Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 3:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”

10. Тој одговори: „Го чув Твојот глас во градината, се исплашив, зашто сум гол, и се сокрив.”

11. Тогаш му рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од дрвото, за кое ти заповедав да не јадеш?”

12. Човекот рече: „Жената, која Ти ми ја даде со мене, таа ми даде од дрвото, па јадев.”

13. Господ, Бог, и рече на жената: „Што е тоа што го стори?” „Змијата ме измами, па јадов,”- рече жената.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 3