Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 3:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?”

2. Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината.

3. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!’”

4. А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете!

5. Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”

6. Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: набра од неговиот плод и го јаде. Му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше.

7. Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи. Сплетоа смоквини лисја и си направија прегачи.

8. Тогаш го чуја гласот на Господа, Бога, Кој шеташе горе-долу во градината за време на денскиот ветрец. И се сокрија - човекот и неговата жена - пред Господа, Бога, меѓу дрвјата во градината.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 3