Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 29:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Лија зачна и роди син; му го даде името Рувим, а тоа значи, како што протолкува таа: „Господ ја виде мојата неволја и затоа сега мојот маж ќе ме љуби.”

33. Пак зачна и роди син, па изјави: „Господ чу дека не сум љубена, затоа ми го даде и овој, и го нарече Симеон.”

34. Пак зачна и роди син, па изјави: „Сега мојот маж ќе се приврзе кон мене: му родив три сина.” Затоа го нарекоа со името Левиј.

35. А кога зачна уште еднаш и роди син, изјави: „Ќе го фалам Господа овој пат.” Затоа на синот му даде име Јуда. И прекрати да раѓа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 29